Удрил и распарчил жена на автопат, заминал мислејќи дека е животно

Од:

Возач на автопатот Бања Лука – Босанска Градишка, во средата вечерта, удрил жена и буквално ја распрачил на парчиња. Не застанал, туку веднаш си заминал. Мртвото тело на жената било пронајдено следното утро. Беживотното тело било пронајдено без долните екстремитети, кој од силината на ударот завршиле сосема на друга страна. Возачот сам се пријавил вчера во полиција, тврдејќи дека си отишол од местото на несреќата мислејќи дека удрил во животно. Човекот кој живеел во Бања Лука,на полицијата и изјавил како возилото со трагови од крв го однел на поправка, ниту сомневајќи дека удрил во човек. Дури подоцна од медиумите дознал дека удрил во жена. И веднаш дошол да се пријави. Возачот и денеска е задржан на распит во полиција, додека истражните органи сеуште се обидува да го утврдат идентитетот на починатата жена чие беживотно тело без долните екстремитети беше пронајдено на автопатот.

Полицијата во месноста Лакташим во четвртокот рано наутро примила дојава дека на лентата за стоење пронајдено е беживотно тело буквално распарчено на делови, а недалеку од него и делови од женска облека.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина