Ученик во Нови Пазар фрлил солзавец во училиштето

Од:

Попладнево во Нови Пазар ученик на Текстилното училиште фрли солзавец во просториите на училиштето. Покрај Текстилното училиште, евакуирано е и Техничкото училиште кое се наоѓа на истата улица, пишува Нова.рс.

„Наставниците пријавиле дека во училиштето било фрлено нешто налик на солзавец, што почнало да предизвикува силна кашлица кај учениците и предметните наставници“, изјави директорот на Техничкото училиште Хидо Љајиќ.

Наставниците и учениците биле веднаш евакуирани, а набрзо на лице место пристигнала и полицијата.

„Училишниот полицаец Ненад Чаламара веднаш ги прегледал сите катови и училници, но ништо не најде. После тоа била известена и полицијата“, додаде Љајиќ.

Никој од учениците и наставниот кадар не претрпел никакви последици.

„Училиштето ќе ги зајакне превентивните активности и ќе ја зајакне свеста кај сите за важноста на безбедноста и зачувувањето на здравјето преку форуми, работилници и класни заедници“, заклучи директорот Љајиќ.

Би можело да ве интересира

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Масовно труење во Нови Пазар: Има пациенти во критична состојба, меѓу затруените се и деца

Горан Наумовски

Дојава за бомба во Нови Пазар, евакуирани се ученици од основно училиште

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голем пропалестински собир во Нови Пазар, се собраа десетици илјади луѓе

Масовна кафеанска тепачка во Нови Пазар, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

Насилство на улица: Брутално претепан келнер во Нови Пазар