Учебната година во Србија почнува со штрајк на околу 500 училишта

Од:

Учебната година во Србија ќе почне со штрајк на околу 500 училишта, а часовите ќе траат по 30 минути.

Претседателката на Унијата на синдикатите на просветните работници на Србија, Јасна Јанковиќ, посочи дека наставниците и учителите во земјата имаат доста проблеми, но оти главниот е малата заработувачка поради што бараат зголемување на платите за 20 проценти.

„Имаме проблем да најдеме млади луѓе кои сакаат да работаат во образованието. Сметаме дека една од причините е платата и дека зголемувањето од 20 проценти би нè донело малку над националниот просек, што сметаме дека не е преголемо барање“, ја пренесува белградска „Политика“ изјавата на Јанковиќ.

Таа додава дека просветните работници инсистираат и на исплата на преостанатиот долг од 50 илајди динари, измени во легислативата во областа на образованието вклучувајќи го и социјалниот дијалог, како и намалување на бројот ученици до 24 во одделение.

Кога станува збор за барањето за намалување на бројот на ученици, Јанковиќ вели дека проблемот е што во помалите средини речиси и да нема ученици, додека во градските средини има повеќе од 33 деца во одделение, со забелешка дека намалувањето бројот деца по одделение би придонело за поквалитетно образование.

Според Унијата на синдикатите, од 830 училишта членки на Синдикатот 500 ќе учествуваат во штрајкот, со настава од по 30 минути за час, со тоа што наставата нема да се надополнува во саботите.

Јанковиќ најави дека за денеска се предвидени разговори во ресорното Министерството за образование за измени на Законот за дуално образование, што се оценува како позитивен развој на настаните.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Вработените во авиокомпанијата Боинг стапија во штрајк за прв пат по 16 години

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Генерален штрајк во Израел: Судот нареди -веднаш престанете