Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Од:

Полицијата ги уапси М.Ш. К.(41) од Сремски Карловац, А.С.(36) и Б.Ѓ. (29) од Инџија, додека по 35-годишен маж од Инџија се трага. Тие се осомничени дека сториле кривично дело убиство, соопшти денеска српското Министерството за внатрешни работи.

Осомничените синоќа околу 23 часот на улицата „Сремска“ во Инџија пред семејната куќа му нанеле убодни рани на З.Ѓ.(44), кој за брзо време починал.

Претходно, на улицата „Ѓорѓа Војиновиќа“ во Инџија вербално и физички се пресметале со дваесет и тригодишен и дваесет и четиригодишен маж, на кои им нанеле повреди, најверојатно со нож, поради што полицијата по наредба на Основното јавно обвинителство Сремска Митровица поднесе кривична пријава поради сомнение дека сторил и кривично дело лесна телесна повреда.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Двајца браќа од Арачиново обвинети за убиство на татко и син

Горан Наумовски