Во Дубровник попладнево е пронајдено тело на повозрасен маж, извести полицијата.
Повредите укажуваат на насилна смрт.
Едно лице поврзано со настанот е уапсено, а истрагата е во тек, информираат од дубровничката полиција.
Хрватските медиуми известуваат дека синот е осомничен со истрел од пиштол го убил својот татко, по што самиот повикал полиција и го признал делото.