Убиениот ограбувач на банка во Сплит одлежа 20 години за убиство при грабеж на продавница за алкохол

Од:

Откриен е идентитетот на разбојникот кој денеска околу пладне загина при обид за грабеж на банка во Сплит, во Хрватска.

Како што пренесуваат локалните медиуми, станува збор за 65-годишниот Фран Петриновиќ, кој одлежа 20 години затвор за убиство при грабеж во Австралија. Тој беше депортиран во Хрватска во 2021 година.

Како што пишуваат австралиските медиуми, Петриновиќ влегол во продавницата за алкохол вооружен и маскиран со својата партнерка. Тој им наредил на вработените и клиентите да легнат на подот, а потоа рекол некој да наполни вреќа со пари.

Тој пукал двапати и со еден куршум погодил вработен во градите. Истиот вработен подоцна починал во болница како последица на повредите.

Другите вработени скокнале и го држеле Петриновиќ додека не дојде австралиската полиција.

Според досега утврдените факти, Петриновиќ денеска маскиран влегол во банката каде со закана со пиштол барал пари. Чувар се обидел да го спречи, но тој успеал да се извлече и разбојникот побегнал од банката.

Во тој момент по улицата се движеле две полицајки кои биле во патрола, а разбојникот кога ги видел пукал во нив, на што тие возвратиле и смртно го погодиле.

Соседите на околните згради рекоа дека слушнале осум истрели, но полицијата дополнително ќе ги открие деталите дури по истрагата.

Би можело да ве интересира

По инцидентите: Сите институции на српската заедница во Хрватска под полициска заштита

ВИДЕО: Протест на Торцида во Сплит, се бара „ослободување на браќата“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Владата на Хрватска воведува посебни мерки поради антиспрските инциденти

ВИДЕО: Објавени снимки од упадот на маскирани мажи на Деновите на српска култура во Сплит

Педесетина маскирани мажи ги нападнаа Деновите на српската култура во Сплит, ја прекинаа програмата

Вооружен маж шета по улиците на Сплит, полицијата трага по него