Убиецот од Градачац уби татко и син со кои имал заеднички бизнис кој пропаднал

Од:

Нермин Сулејмановиќ, кој денеска во Градачац уби три лица, додека рани уште тројца, на граѓаните веќе им бил познат по своето криминогено однесување. Бруталното дивеење започнало во викендицата, каде јавно ја уби сопругата, додека пренесуваше се на социјалната мрежа Инстаграм. После тоа влезе во својот автомобил и се упати кон центарот на Градачац, со намера да продолжи со крвавата одмазда.

Тој застана во близина на ресторанот, по што со неколку истрели од пиштолот тешко рани момче. Во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, каде лекарите направиле обид за реанимација, починал 23-годишниот Д.О.

„Сè се случи за неколку моменти. Излегов од мојот објект за да услужам муштерија, по што тој пристигна со автомобил. Многу брзо испука два куршуми во правец на маж кој беше во друг автомобил, по што се оддалечи“, вели еден од очевидците.

После тоа, Сулејмановиќ замина на друга локација каде уби уште едно машко лице. Подоцна беше откриено дека тој е татко на човекот што претходно го уби во автомобил во близина на ресторанот, по што беше потврдено дека биле убиени турските државјани Џенгиз Ондер и Џенгиз Денис.

„Од порано беа во конфликт. Започнаа некаков заеднички бизнис во кој не успеаја, имаа несогласувања. Дополнително ги продлабочија одредени несогласувања што ги имаа во приватниот живот, а тоа е всушност форма на негова одмазда“, посочува очевидецот.

По тројното убиство и ранувањето на три лица, од кои едното полицаец, Нермин Сулејмановиќ го напушти градот и се самоуби во населбата Леденице. Непосредно пред тоа тој разговараше во живо со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Министерот за внатрешни работи на кантонот Тузла, Хајрудин Механовиќ, за медиумите изјави дека досегашната истрага утврдила дека Сулејмановиќ убивал луѓе од одмазда.

„Ова е еден од најтешките денови за Градачац во контекст на неговата безбедност, но и во контекст на сложеноста на полициската работа. Ги ставаме на располагање сите наши ресурси, а крајниот резултат е три убиства и едно самоубиство. – вели Механовиќ.

Како што рече, Сулејмановиќ веќе и бил познат на полицијата по своето криминално и општествено неприфатливо однесување.

„Истрагата ќе покаже какви врски постоеле меѓу лицата што ги убил, освен полицаецот кој бил ранет на должност. Исто така, досега е утврдено дека немал дозвола за оружјето што го поседувал, а сето тоа поради неговите претходно однесување“, нагласува министерот за полиција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Катерина Ѓуровски

Пронајдени уште две тела во поплавените региони во БиХ

Катерина Ѓуровски

Спасувачите во Јабланица извлекоа мало дете: Беше под плоча тешка два тона

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пронајдени уште тела, порасна бројот на мртви во поплавите во Босна

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Расте бројот на мртви во БиХ, спасувачите објавуваат драматични снимки

ВИДЕО: Шини буквално висат во воздух, огромни штети од поплавите во Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски