Убиецот на српската манекенка осуден на четириесет години затвор

Од:

Судот денеска го осуди Даријан Мусиќ (27), за убиство од прв степен и му одреди мерка затвор од 40 години. Комората пресуди дека Мусиќ е виновен за убиство со предумисла, бидејќи тој бил свесен за своите постапки кога до смрт ја претепал својата поранешна девојка, Владислава Червенко.

Врз основа на вештачењето, 25-годишната Червенко починала најмалку 10 минути по примените повреди од повеќе од 50 силни удар и претрпена болка рангирана со 10, на скала од еден до 10.

Телото на српската манекенка беше пронајдено во ноември 2012 година, во стан во Нови Сад. Полицијата веднаш го уапси нејзиното момче, кој беше единствен осомничен за злосторот.

Мусиќ во јули минатата година, првично беше осуден на 35 години затвор, но по жалбата на неговите адвокати, Апелациониот суд ја поништи одлуката, бидејќи дошло до „битни повреди на кривичната постапка“ и нареди повторно судење во првостепениот суд.

Повторното судење почна во март, но беше затворено за јавноста заради претставување на новите, вознемирувачки детали за злочинот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници