Турско и(ли) наше

Од:

Ослобоџење – Сараево

Кога босанскохерцеговските лидери, со таа брзина со која реагираа на настаните во Турција, би се свртеле кон решавање на домашните проблеми, вашата земја би била приказна за раст, развој и напредок, рече пред некој ден висок германски политичар осврнувајќи се на најновата блокада на европскиот пат на БиХ.

Механизмот за координација, наспроти исклучителниот ангажман на Советот на министрите на БиХ, го одбива Владата на Република Српска, следејќи ги заповедите на својот партиски шеф Милорад Додик.

Лидерот на Сојузот на незвисни социјалдемократи (СНСД) и претседателот на Република Српска со ист жар го кочеше потпишувањето на адаптираниот Договор за стабилизација и асоцијација, па пред десетина дена се предомисли во центарот на Белград. Сега повторно интензивно се најавува дури серија референдуми и тврди дека на Република Српска воопшто не и треба кредитен аранжман со ММФ, а Владата на Република Српска оди дури толку далеку во реализирањето на стратегијата на Додик за затворање на Република Српска, што ни сопствените деца не ја интересираат. Само пред некој ден одбија изработка на акциски план за борба против детската порнографија која вклучува и размена на податоци за педофилите?!
Па сепак, последните денови во Босна и Херцеговина, а пред се во Федерацијата, повеќе внимание се посветува на обидот за воен удар во Турција отколку на нас самите. Кој стои зад тој удар, кои се последиците, каде оди Турција, што значат настаните во Истанбул и Анкара за Балканот, анализираа и повикани и неповикани. „Ослобоѓење“ минатата сабота објави одличен текст на нашиот Хајрудин Сомун и навистина немам амбиции да му се мешам во работата, не само затоа што колегата Сомун е одличен познавач, туку и затоа што неговата анализа јасно ја отсликува вистинската состојба на демократијата во Турција.

Над 23.000 уапсени во образовниот систем на земјата е податок кој фрла целосно ново светло на насловите во весниците за победата на демократијата. Секако, на никого не му е спорен изборот меѓу војската и избраните власти, впрочен и комплетната турска опозиција застана зад претседателот Реџеп Тајип Ердоган, но чистките кои следеа и кои се фокусирани на универзитетите, училиштата и судиите со право го отвараат прашањето колку на режимот му беше добредојден овој обид за пуч.

Турскиот претседател уште истата ноќ, праќајќи порака до американската Пенсилванија, за организатор на обидот за воениот пуч го прогласи Фетулах Ѓулен и најави жестока акција која се спроведува во Турција, а пред некој ден беше уапсен и неговиот внук додека се подготвува големо досие врз чија основа турските власти најавуваат барање од САД да го предадат Ѓулен.

И за него нашиот Хајро кажа се: цела деценија беше рамо до рамо со Ердоган.

Заедно го градеа освојувачкиот поход на Партијата на правдата и развојот (АКП) во Турција и делеа иста идеја: имено двајцата се поддржувачи за исламизацијата на Турција и негирањето на секуларизмот на Ататурк и треба да му се верува кога некој кој поминал сериозен дел од животот во различни земји, така искрено босански вели дека не би сакал да живее под власта на ниту еден од нив. Што и навистина е личен избор, но и слика на светот кој го заговараат и Ердоган и Ѓулен.

Секак, разликата е јасна: Ердоган е на врвот на моќта, му остана само претседателската функција со Устав да ја дефинира со уште поголеми овластувања, што тој и не го крие, додека Ѓулен од сигурна далечина против својот некогашен партиски другар да се бори со влијание во образованието. Ѓулен се смета за основач на цела мрежа на училишта, ширум светот, кои наводно ги водат негови следбеници од движењето Хизмет (барем ние тука знаеме што е хизмет: значи, служење на добра волја).

На домашен терен масло на оганот долеа изјавата на турскиот амбасадор во БиХ, Џихад Ергинај, кој гостуваше во програма на Фејс ТВ. Инаку умерен дипломат, амбасадорот Ергинај го образложи делувањето на добро организираната терористичка организација која стои зад обидот за пуч и не спомнувајќи никакви имиња, рече дека очекува од турските меѓународни пријатели и сојузници солидарност, прецизирајќи дека Турција сака заедничка борба против овие терористи. Босна и Херцеговина ја нарече братска земја и рече дека и во неа постојат образовни институции од таа мрежа, т.е. дека и од Владата на земјата очекува акција, а изречени се и зборови со пофалби за Азербејџан, Узбекистан и Сомалија, земји кои веќе преземаа големи чекори во саканиот правец.

Се заедно навистина не остави никаква дилема што сака Турција, па Ергинај на Фејс ТВ беше проследен со наслов: Очекувам Владата во БиХ да преземе акција против училиштето „Бсона Сема“! Турската агенција Анадолија ја презеде оваа вест, со истиот наслов, но на своите корисници им испрати и објаснување оградувајќи се дека вестите едноставно ги пренеле.
„Босна Сема“ најави тужба, а шеф на неговиот оддел за односи со јавноста Орхан Хаџагиќ  реагираше жестоко. – Ставањето на името на „Босна Сема“ во ваков контекст е крајно гнасно и злонамерно. Тоа е деструктивно делување на нешто што функционира и што дава резултати. Над 2.600 наши дипломци успешно ги градат своите деловни и академски кариери во светот. Никој од нив никогаш не бил вклучен во каква било активност на свесно и смислено кршење на законот, рече Хаџагиќ за порталот „Журнал“, одбивајќи какви било шпекулации за институциите на кои мислел амбасадорот Ергинај кога зборувал за училиштата поврзани со терористичките активности.

Како и да е, обвиненичката листа на Ердоган стигна и во БиХ. Дури и пред гостувањето на амбасадорот, бидејќи кога во Сараево беше организиран митинг за поддршка на турската демократија, прославата за пропаднатиот воен пуч заврши пред Универзитетот „Интернационал Бурч“ кој е дела од „Босна Сема“. Славениците, велат сведоците, упатувале прилично тешки зборови и закани до вработените.

„Бурч“ е единствен Универзитет во мрежата на „Босна Сема“, на која и припаѓаат уште два турски колеџи, во Сараево и Бихаќ, како и три меѓународни средни училишта во Сараево, Зеница и Тузла. Во истата мрежа се уште четири меѓународни основни училишта во Сараево, Зеница, Тузла и Бихаќ и три предучилишни институции во Сараево, Зеница и Бихаќ.

„Босна Сема“ егзистира во БиХ од 1998 година и се најде во центар на интересот на јавноста кога Салмир Каплан, посочувајќи со прст во ѓуленистите, ги препознаваше во овој систем. По последните настани во Турција, Здружението на новинарите на БиХ јавно го бранеше Борко Рудиќ, генерален секретар на Здружението, од неговите напади, а Каплан потоа повика на бојкот на овие училишта.

И мајката на Махир Раковац, зборувајќи за самоубиството на својот 14-годишен син, остро обвини едно од овие училишта.

– Основачкиот одбор на нашите институции во целост го сочинуваат државјаните на БиХ, поточно, еден од нив е натурализиран, останатите се автохтони босански државјани. Од вкупно 487 вработени, само 87 се државјани на други земји, на Србија, САД и Турција. Додека останатите вработени се домашен наставен, академски и научен кадар. Слична е состојбата и по прашањето за управата на нашите училишта, рече Хаџагиќ.

Министерствата за образование молчат. Или всушност рекле се, со давањето на дозволи за работа. Треба да се признае и дека расположението на јавноста по самоубиството на Махир Раковац беше такво што инспекциите не излегуваа од овие училишта, што значи дека овој систем е под будно око на надлежните органи на државата БиХ. И тоа во овој случај е бескрајно важно да се потенцира.

Од неколку причини: ако училиштето не е затворено по самоубиството на Махир, треба ли воопшто да се разговара за списокот на желбите на Ердоган? Каква и да е државата Босна и Херцеговина, таа има свои закони и институции кои се должни да ги спроведуваат. Образованието е најчувствителен сектор, но токму затоа е и поважно да се гледа преку призма на наставните планови, програми и нивната реализација, отколку по политичките опсервации.

И кога сме веќе кај политиката, мислам на домашната, ми се чини дека оваа турска, а наша приказна, не можеме да ја заокружиме без Милорад Додик. Тој е тој кој еве 10 години својот политички капитал го гради на две работи: на Србите им ветува референдум, а Бошњаците ги брка во Турција. Поради тоа тој германски совет од почетокот на приказната се чини многу ефективен: да се свртиме на побрзиот пат кон ЕУ, бирајќи ја Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Чуркин: Резолицијата за Сребреница само би ја зголемила тензијата на Балканот

Емир Латифовиќ

Очајни работници пеш бегаат од БиХ

Емир Латифовиќ

Ескалираа протестите во Сараево

Емир Латифовиќ

Мисијата Алтеа во БиХ продолжена за уште една година

Емир Латифовиќ

ФОТО: Метеор експлодираше над Сараево

Емир Латифовиќ