Турските власти урнаа напуштена грчка црква во Бурса

Од:

Турските власти вчера ја урнале историската зграда во регионот на Бурса, која пред 124 години била изградена како грчка православна црква, а во последните години била напуштена.

Грчката православна црква „Георгиос“, попозната како „Аја Софија“ во Бурса, е уништена поради безбедносна закана седум години откако Генералниот директорат за верски фондации ја презел зградата од општината Нилуфер, во Бурса, се наведува на интернет-страницата за вести „Дувар“.

Општината ја презела историската зграда во 2006 година, обновувајќи ја локацијата и повторно отворајќи ја како Културен дом.

Но, дирекцијата во 2013 година поднела тужба за стекнување сопственост врз црквата, а објектот оттогаш е напуштен.

Зградата беше наречена „Аја Софија“ од Бурса поради нејзината употреба во минатото и како црква и како џамија, наведува порталот „Дувар“.

Градоначалникот Нилуфер Тургаи Ердем кажува дека општината потрошила околу 230.000 евра за реновирање на зградата.

-Ние го сторивме нашиот дел за да го предадеме културното наследство на идните генерации. Фондациите, меѓутоа, ја оставија зградата да скапе. Седум години никој не кажа дека полага право врз оваа структура, рече тој, додавајќи дека структурата станала опасна поради пукнатини и можност од уривање.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он