Турските власти уапсија четири лица осомничени дека криумчареле луѓе преку Медитеранот, меѓу кои се наоѓале и 12 Сиријци во два чамци кои потонале синоќа, а меѓу нив било и тригодишното дете Ајлан Курди.
Фотографиите од детето, како потресно сведоштво и симбол на бегалското страдање, предизвикаа емотивни реакции кај официјални претставници и во јавноста ширум светот.
Уапсените се сириски државјани на возраст меѓу 30 и 41 година. Канадските власти претходно одбија барање на роднини од детето од Ванкувер да дадат гаранции за издршка на семејството Курди.