Турските власти отворија истрага против опозицискиот весник „Џумхуриет“

Од:

Турските правосудни власти отворија формална истрага против опозицискиот весник „Џумхуриет“ осомничен за прекршување на законите против тероризмот, откако на неговите страници се појави напис за  запрениот конвој камиони, со помош за сириските цивили, на турската граница, полн со оружје и муниција за исламистичките бунтовници во Сирија.

Камионите биле сопственост на турската разузнавачка агенција и биле придружувани од оперативци на тајната служба, но биле запрени и претресени кај турско-сириската граница, во реонот на Адана.

Инцидентот се случил во јануари 2014 година, кога полицајците откриел големо количество сокриено оружје меѓу кутиите со медицинска опрема.Едниот камион од конвојот бил задржан, н другите продолжиле без да бидат проверени, откако оперативците на тајната служба им се заканиле на полицајците и граничарите.

Службената верзија на властите во Анкара тврди дека станувало збор „исклучиво за хуманитарен конвој“.

Турските власти сега тврдат дека зад наредбата да се запре конвојот и да се претресуваат камионите, „се наоѓаат симпатизерите и поддржувачите на Фетулах Гулен.

Тој е турски верски лидер кој живее во САД, по бегството од Турција, а властите во Анкара го обвинуваат дека управува со „паралелна турска држава“.

Освен против весникот, истрага е отворена и против обвинителите кои дале налог за запирање и претрес на конвојот, како и против службените лица кои учествувале во проверката на камионите.

Лидерот на турската опозиција, Кемал Кириндалоглу го поздрави појавувањето на написот во „Џумхуриет“.

– Оние кои илагално испраќаат оружје за една муслиманска земја, имаат окрвавени раце, изјави Кириндалоглу.

Ова не е прв пат, Турција да се обвинува дека тајно им дотура оружје и ги помага исламистите кои војуваат во сириската граѓанска војна.

Воени експерти на Запапот  од поодамна тврдат дека со помагањето и пропуштањето на „доброволците“ преку нивните територии, Турција, Катар и Саудиска Арабија, имаат многу придонесено за растежот на џихадистичката групација Исламска држава (ИД) , настојувајќи побрзо да го соборат од власт сирискиот претседател Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ