Турските власти му го поништиле пасошот на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен

Од:

Турските власти му го поништиле пасошот на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, со кој тој пристигнал во САД и добил право на престој.

Досега Ѓулен не поднесувал барање за издавање на нова патна исправа.

Анкара го информирала Вашингтон за поништувањето на пасошот на Ѓулен. Турската страна како причина за ваквиот потег го наведува давањето „лажни податоци“. Според некои правни лица, доколку се докаже дека Ѓулен давал лажни податоци кога ги поднесувал документите за добивање право на престој во САД, тоа може да доведе и до негово екстрадирање.

Во Турција на Ѓулен му бил издаден т.н. „зелен пасош“, каков што имаат право да добиваат одреден круг на државни службеници. Во 1999 година тој заминал на лекување во САД, каде потоа останал да живее во „доброволен егзил“ и досега се наоѓа во државата Пенсилванија.

Судските власти во Истанбул во декември минатата година издадоа налог за апсење на Ѓулен, кој е осомничен за „создавање и раководење на терористичка организација“.

Турската Влада го обвинува движењето на Ѓулен, „Хизмет“ за организирање заговор за соборување на власта и создавање „паралелна држава“. Според властите, исламскиот проповедник има многу приврзаници во полициските и судските кругови.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ