Турските власти денеска го забранија пловењето на танкери преку теснецот Дарданели, пред се, заради лошите метеоролошки услови, соопшти весникот на англиски јазик „Тудејс заман“.
Вкупно осум танкери денеска не можеа да минат преку теснецот, а се очекува утре да продолжат по својата маршрута.
Теснецот Босфор останува отворен за движење.
Заради силниот ветар и големите бранови што денеска беа создадени истанбулската компанија која работи со таканеречените морски автобуси, откажа повеќе линии на фериботи што поврзуваат
различни делови на мегаполисот.
Заради силниот ветар турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа вкупно 10 лета на внатрешните и надворешните линии од и до Истанбул.