Турските Роми го прогласија Ердоган за „државник на векот“

Од:

Конфедерацијата на Ромите во Турција го прогласи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за „државник на векот“, информира генералниот секретар на Конфедерацијата, Ахмед Чокашар.

Како што пренесува агенцијата Анадолија, ромскиот претставник изјави дека турските Роми му се исклучително благодарни на шефот на државата за се што направил за доброто на ромската заедница во Турција и притоа го нарече „светски лидер“.

Чокашар посочи дека со ова одличје досега е награден само Ердоган, но тоа ќе се претвори во традиционално и ќе им се врачува на познати личности кои го заслужиле признанието на ромската заедница.

Наградата е објавена во предвечерието на посетата на Ердоган на Бурса, во петок, на 6 февруари.

На средбата со шефот на државата се предвидува да присуствуваат ромски преставници од сите 81 области на Турција, кои членуваат во Конфедерацијата. На средбата на Ердоган официјално ќе му биде врачено одличјето.

Во својство на премиер, Ердоган во март 2010 година во Истанбул се сретна со претставници на ромската заедница.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ