Турските националисти поднесоа обвинение против Ердоган за мировниот процес со Курдите

Од:

Турската десна опозициска Партија на националистичката акција пред државното Обвинителството поднела обвинителен акт против организаторите на процесот на надминување на курдскиот проблем, што во меѓувреме беше прекинат, јави БТА.

Националистите сакаат да се истражат и казнат организаторите на процесот поради ескалацијата на теророт од страна на Курдската работничка партија (ПКК), откако во текот на последните денови беа убиени над 30 војници и полицајци.

Во обвинението турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се посочува како главен организатор на мировниот процес и како виновен за ескалацијата на тензиите во земјата.

Како докази се приложени изјавите и интервјуата на Ердоган во медиумите.

Националистите во 2013 година во државното Обвинителство поднесоа обвинителен акт во врска со процесот на мирно надминување на курдскиот проблем. Овој процес почна за време на владеењето на Партијата на правдата и развојот (АПК) под раководството на Ердоган, уште додека тој беше премиер на земјата.

Тогаш, меѓутоа, барањето беше отфрлено без да се отвори било каква процедура.

Лидерот на националистите Девлет Бахчели пред неколку дена даде писмена изјава, во која го обвини турскиот претседател дека со мировниот процес придонел за тоа ПКК да се снабди со повеќе оружје и да го засили своето присуство на терен.

Бахчели за доказ ја посочи неодамнешната изјава на Ердоган за НТВ, во која шефот на државата вели: „Овие луѓе ( од ПКК) го сменија процесот. Тие го искористија буквално да се вооружат, за складирање на оружје во југоисточна и во дел од источна Анадолија. Се снабдија со многу оружје“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ