Турските Курди бараат автономија со посебна полиција, знаме и парламент

Од:

Образование на мајчин јазик и посебна полиција, знаме и парламент се дел од барањата на Курдите, утврдени во „патоказите за автономија на турски Курдистан“, наведува весникот „Тараф“.

Весникот објави интервју со заменикот претседател на турската курдска Партија за мир и демократија Демир Челик.

Челик наведува четири главни области во политичкиот аспект на демократската автономија на курдите во Турција: регионалната власт да има свое знаме, регионален парламент, главен град и сопствени управни органи.

Во однос на образованието на курдски јазик, Челик изрази намера за отворање детски градинки и основни училишта, каде децата како мајчин јазик ќе го изучуваат курдскиот пред турскиот јазик.

На прашањето во која фаза се наоѓа „демократската автономија на Курдите“, Челик одговори дека ако процесот се определи како маратон од 42 километри, тогаш досега се изминати првите два километри.

– Ние сакаме регионална политичка автономија, истакна курдскиот претставник. Според него, автономен турски Курдистан се предвидува да формира сопствени полициски сили или општинска полиција, иако, како што рече, се уште е рано да се зборува за таков механизам.

Челик нагласи дека одлуката за границите на автономен Курдистан треба да биде донесена од жителите на окрузите по демократски пат на референдум, што значи дека може да вклучува пет или 50 окрузи.

Меѓу другото, Челик истакна дека не е задолжително регионот да се нарекува Курдистан и дека може да се вика Месопотамија или Анадолија.

На прашањето дали сириски Курдистан претставува пример за турските курди, Челик одговори потврдно, додавајќи дека идалниот модел е швајцарскиот.

Чалик се заложи за поголем дел од државните финнансии за општините во југоисточна Турција, каде мнозинството од жителите се Курди. Според него, овој регион, неформално наречен Курдистан, обезбедува 80 отсто од турската нафта, но истовремено е најсиромашниот регион на Турција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ