Турскиот премиер во посета на Грција

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу допатува денеска во дводневна посета на Грција, поради што во Атина се зајакнати мерките за безбедност и на ограничено време се забранети протести.

Во поширокиот центар на Атина забрането е одржување демонстрации, а таа мерка важи до утре до 15 часот, кога турскиот премиер ќе ја заврши посетата.

Давутоглу допатува со делегација бизнисмени и девет министри, меѓу кои се министрите за надворешни работи, економија, енергетика, внатрешни работи и царина.

Подоцна во текот на денот тој ќе се сретне со грчкиот премиер Андонис Самарас, и со претседателот Каролос Папуљас. Предвидена е и средба со Турција кои живеат во Грција и со членови на муслиманска заедница.

Давутоглу ќе присуствува и на третиот состанок на Советот за соработка на Грција и Турција.

Посетата на турскиот премиер се совпаѓа со утрешната годишнина на убиството на тинејџер во Атина. Убиството, кое пред шест години го изврши полицаец, предизвика масовни протести и нереди.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ