Турскиот премиер и министри ќе можат да блокираат интернет-страници без судска одлука

Од:

Турскиот премиер и министри ќе имаат право да блокираат интернет-страници без судска одлука врз основа на „заштита на јавниот ред“, согласно предлог-законот поднесен во Парламентот од пратеник на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Премиерот и министрите ќе можат да побараат од Дирекцијата за телекомуникации да ги блокира интернет-страниците или да отстрани одредени содржини во рок од четири часа, повикувајќи се на заштита на националната безбедност, заштита на јавниот ред или спречување на криминал.

Друг закон, со кој Дирекцијата за телекомуникации имаше слични права, беше изгласан од Парламентот на 10 септемвреи 2014 година. Тоа предизвика протести на групите за заштита на правата на корисниците на интернет, а најголемата опозициска Републиканско народна партија (ЦХП) на 15 септември побара од Уставниот суд да го поништи законот бидејќи дополнително го ограничува користењето на интернет во Турција и ја засилува контролата врз него.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ