Турскиот премиер ги отфрли тврдењата за воена интервенција во Сирија

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги отфрли „шпекулациите“ на опозицијата за идна турска воена интервенција во Сирија.

– Нема ситуација во овој момент која бара ангажирање на Турција, изјави Давутоглу, а пренесува весникот „Хуриет“.

Претходно неделава левичарската Републиканска народна партија објави дека исламско-конзервативниот режим на власта би можел да прибегне кон воени операции во Сирија за зголемување на популарноста пред парламентарните избори на 7 јуни.

– Турција ќе започне воена операција во Сирија вечерва или во петок, изјави главниот претставник на партијата Гурсел Текин, повикувајќи се на доверлив извор.

Турскиот премиер ваквите тврдења ги оцени како шпекулации без никаква основа.

Турција е отворено критички настроена кон режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и ги поддржува сириските бунтовнички групи, додека на турска територија се наоѓаат речиси два милиони бегалци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ