Турскиот премиер ги обвини странските медиуми за шпионажа

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган ги обвини денеска странските медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, дека се занимаваат со „шпионажа“ и сакаат да предизвикаат немири во државата.

– Слуга на Си-Ен-Ен беше уапсен на местото на злосторството, изјави денеска Ердоган во неделното обраќање пред пратениците од неговата Партија на правдата и развојот.

Во саботата во Истанбул се одржаа протести. Дописникот на Си-Ен-Ен беше приведен во саботата додека „во живо“ пренесуваше извештај од Плоштадот Таксим во Истанбул за големиот број полициски сили распоредени од властите во реонот на плоштадот кои имаа за цел спречување на демонстрации како одбележување на годишнината од антивладините протести во Турција во јуни 2013 година.

Дописникот Ајвен Вотсон кој беше приведен од цивилни полицајци, брзо беше пуштен на слобода по проверката на документите и доби извинување од полицијата. Полицијата грубо ги задуши во Истанбул и Анкара протестите во кои се вклучија илјадници луѓе и покрај забраната на властите. Стотици демонстранти беа приведени од полицијата.

– Странските медиуми немаат ништо заедничко со слободата на говорот. Тие имаат мисија и дејствуваат како шпиони. Странските медиуми кои дојдоа во Истанбул, за да направат провокации си заминаа со празни раце, нагласи Ердоган.

Во протестите минатото лето загинаа осум луѓе и над 8.000 беа повредени. Премиерот ја критикуваше и опозицијата која според него, „пуши хашиш“ додека прави заговори против него. Ердоган се очекува да ја најави својата кандидатура за претседателските избори на 10 август.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ