Турскиот парламент усвои закон со кој се даваат поголеми овластувања на полицијата

Од:

Турскиот парламент доцна синоќа усвои предлог закон, доставен од владата, со кој се даваат поголеми овластувања на полицијата, соопшти анонимен претставник од Парламентот.

Новиот закон, кој е остро критикуван од јавноста и опозицијата, дава поголеми овластувања на полицијата со кои ќе може да врши претреси и да приведува врз основа на обични сомневања.

Според аналитичарите овие законски измени првенствено се насочени кон курдското малцинство, кое бурно протестирааше во октомри против одбивањето на Анкара за воена помош на курдските борци од сирискиот град Кобане, што е под опсада на џихадисти од групата Исламска држава. Во судири меѓу демонстранти и приврзаници на ИД во претежно населени со курди места во Југоисточна Турција загинаа над 40 лица.

Премиерот Ахмет Давутоглу по овие настани најави во парламентот реформа за внатрешна безбедност. Реформата беше усвоена како начин да се задуши секој протест против режимот.

Со новите законски измени полицијата ќе може да врши претрес на демонстранти во домовите без потреба од конкретни докази за преземање на таква мерка. Властите ќе можат полесно да именуваат осомничени за прислушување на нивните телефонски разговори, а демонстрантите и сите што ќе предизвикаат штета на јавен имот, ќе бидат строго казнети.

Турската влада ги отфрли мекрите како желба за ограничување на личните слободи, нагласувајќи дека тие се во согласност со нормите на ЕУ.

Со новиот закон се менува и режимот за приведување. Досега приведувањето беше на 24 часа по наредба на обвинител и можеше да се зголеми за 48 часа со одлука на суд. Со новите измени полицијата ќе може да приведува на 24 часа по своја иницијатива со обврска да го информира обвинителството, кое ќе може да го продолжи притворот до 48 часа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ