Турскиот Парламент ја одобри конвенцијата за безбедност во рудниците

Од:

Турскиот Парламент ја одобри конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за безбедност и здравствените услови за работа во рудниците, соопшти весникот на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Ова се случува по двата тешки инциденти од оваа година во рудници во Турција, земјата која приближно дваесет години одбиваше да стави потпис
на Конвенцијата 176.

Турскиот министер за труд, Фарук Челик, на 23 септември изјави дека владата се согласила да ја потпише конвенцијата, а вчера Парламентот и официјално го одобри овој чекор.

Во текот на мај 301 рудар загина во експлозија и пожарот што следеше во рудникот во Сома, во западна Турција, што претставува најголем инцидент во еден рудник во историјата на Турција.

На 28 октомври осумнаесет рудари беа блокирани под земјата во галерија на рудникот во Ерменек, во јужна Турција, на повеќе од 300 метри длабочина, како резултат на ненадејно поплавување на галеријата. Сите рудари загинаа.

Инцидентот во рудникот во Ерменек повторно ја разгоре полемиката за условите за работа на рударите во Турција и покрај итно изгласаниот закон во оваа област по инцидентот во рудникот во Сома.

Турција се наоѓа на третото место во светот според смртноста на работно место, покажуваат податоците на Меѓународната организација за труд.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ