Турскиот парламент го отфрли барањето на опозицијата за судска постапка против поранешни министри од АПК

Од:

Пратениците во турскиот парламент денеска го отфрлија предлогот на опозицијата за судење на четворицата поранешни министри, обвинети во рамки на истрагата за корупција, јавија турските медиуми.

Одлуката на парламентот претставува победа за претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, кој корупцискиот скандал го оцени како обид за поткопување на неговата власт, пренесува Танјуг.

Ваквата одлкука на турскиот парламент е очекувана, со оглед на тоа дека владејачката партија АКП, од чии редови се четворицата поранешни министри, има големо мнозинство во парламентот.

Опозицијата имаше недостиг од неколку десетина гласови до 276, колку што беа потребни за предлогот за судење на поранешните министри обвинети за корупција да биде прифатен од парламентот.

Истрагата за корупција е откриена во декември 2013 година и прерасна во еден од најголемите предизвици за Ердоган и неговото десетгодишно владеење. Ердоган истрагата ја оцени како обид за државен удар, организиран од поранешниот сојузник Фетулах Гулен.

Корупциската афера резултираше со оставка на министрите за правда, внатрешни работи и урбанизација, додека министерот за европски прашања Егмен Бегиш беше сменет. Сите четворица поранешни министри ги негираат обвиненијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ