Турскиот парламент доби соба за доење

Од:

Турскиот парламент доби специјална просторија наменета за мајки-доилки, објави турскиот весник „Милиет“.

Специјалната просторија ќе може да се користи не само од младите мајки пратенички, туку и од жените од персоналот кои имаат бебиња.

Главниот секретар на турскиот Меџлис, Ирфан Незироглу изјави дека потребата од специјална просторија за доилки настанала откако претеничката до владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Фазилет Дагџи Чиглик неодамна доби бебе.

Собата за доење е опремена со екран, на кој може да се следи работата на парламентот, како и маса за промена на пелени, фотелја за доење и шкаф. Турскиот парламент има вкупно 79 жени пратенички.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски