Турскиот „Курум интернeшнл“ ќе стопанисува и со терминалот во Драч

Од:

Турската компанија „Курум интернешнл“ доби 35 годишна концесија за терминалот на контејнери во најголемото албанско пристаниште Драч, јави дописникот на МИА од Тирана.

Министертвото за транспорт потпиша договор со компанијата, која ќе стопанисува со терминалот во наредните 35 години.

– Давањето под концесија на терминалот во Драч многу ќе влијае на развојот на пристаништето. Врз основа на договорот Компанијата „Курум“, која кај нас е позната по производството на челик, ќе инвестира 35 милиони долари за осовременување на терминалот, изјави министерот за транспорт и јавни рабти Сокол Олдаши.

Според министерот 21 отсто од приходите на концесионерот ќе се слеат во касата на пристанишните власти во Драч, два отсто во владината каса додека останатите, 77 отсто остануваат кај концесионерот.

Турците пред повеќе години го приватизираа поранешниот металургиски комбинат во Елбасан, а во средината на јануари годинава станаа сопственици и на четири ХЕЦ во Албанија, за цена од 109,5 милиони евра. Тие ги купија ХЕЦ „Бистрица 1“, “Бистрица 2“, „Улза“ и „Шкопет“, кои се со вкупна инсталирана моќност од 80 мегавати и со вкупно просечно годишно произвидство од 400-450 милиони киловат часови електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски