Турскиот Државен совет одобрил пренамена на Аја Софија во џамија, тврдат извори во владата

Од:

Државниот совет на Турција едногласно одобрил промена на статусот на музејот Аја Софија во џамија, напиша на својот Твитер налог турскиот новинар Раџип Сојлу, повикувајќи се на извори во турската Влада.

Според него, пренамената треба официјално да биде објавена утре.

На почетокот на месецов, беше објавено дека турските власти размислуваат за промена на статусот на Аја Софија. Тогаш беше наведено дека, според последните истражувања, околу 70 отсто од турските испитаници ја одобруваат одлуката Аја Софија да се пренамени во џамија.

Против промената на статусот на оваа туристичка атракција се изјасни американскиот државен секретар Мајк Помпео, како и Руската православна црква. Државната дума на Русија упати апел до турскиот Парламент во врска со Аја Софија.

Света Софија, изградена во шести век од Византијците, со векови била најголемата христијанска црква во светот, а била претворена во џамија по османлиското освојување на Константинопол, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк. Аја Софија е вклучена во листата на УНЕСКО како споменик на Светското културно наследство во 1985 година.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он