Турски воени авиони нападнаа цели на ПКК

Од:

Турски воени авиони нападнаа синоќа засолништа на борците на Курдската работничка партија (ПКК) во северен Ирак, изјави денеска претставник на силите за безбедност на Турција.

Според истиот извор, како што јави Танјуг, 15 турски воени авиони нападнале цели на ПКК во планинско подрачје во северен Ирак, во Кандил, Запа и Авашин, кусо по полноќ. Нападот траел до пет часот изутринава по локално време.

Во судирите меѓу турските сили за безбедност и припадниците на ПКК од јули и прекинот на примирјето, загинаа над 70 припадници на турските безбедносни сили и стотици борци на ПКК.

Турската војска во јули покрена интензивна воздушна кампања на засолништата на ПКК во југоисточна Турција и северен Ирак.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски