Турски рибар улови пирана во реката Марица

Од:

Турскиот рибар Кадир Јосал улови пирана во реката Марица, соопшти електронското издание на грчкиот весник „Имерисија“, повикувајќи се на информација на турските агенции.

Уловениот примерок е со должина од 45 сантиметри.

Јосал, кој веќе 20 години лови риба во реката, тврди дека за прв пат среќава ваков вид риба во реонот. Според него, присуството на пирана може да значи крај за риболовот во реката Марица, бидејќи има опасност за луѓето и ги повика компетентните органи да направат проверка.

Јосал за турските медиуми објаснува дека во Турција не се среќаваат пирани и веројатно конкретниот примерок бил ослободен од аквариум, а не е исклучено да има уште.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски