Турски професор осуден на казна затвор поради отстранување студентка со шамија од предавање

Од:

Поранешен професор од Егејскиот универзитет во турскиот град Измир е осуден на казна затвор, бидејќи не и дозволил на студентка со шамија да присуствува на предавање.

Ова е прв случај некој во Турција да биде затворен поради таков прекршок.

Во 2012 година професорот Ренан Пекјунлу од катедрата за астрономија при Факултетот за физика бил осуден од судот во Измир на две години и еден месец затвор поради „ограничување на правото на образование“. Казната била потврдена и од Касацискиот суд, а против професорот се водат уште две слични дела.

Пред да замине во затвор за отслужување на казната, Пекјунлу учествува на конференција во Измир, организирана од невладини организации, каде бил пречекан од студенти кои извикувале пароли во негова одбрана.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ