Турски кранист убиен откако упадна со кран кон воена база

Од:

Турски кранист загина откако војници стрелале во неговиот кран бидејќи минал преку безбедносната ограда во воена база, соопштија турски официјални претставници.

Државната агенција Анадолија соопшти дека војници во воената база Даламан во Западна Турција вчера стрелале во гумите на кранот, по што тој паднал во ископ. Двајца војници се повредени во инцидентот.

Кранистот Адил Јилдзли (21) бил под дејство на алкохол и тргнал кон базата, по што полицијата се обидела да го запре, изјави денеска валијата на округот Мугла Амир Чичек.

Според Чичек војниците најпрво испукале предупредувачки истрели, а Јилдзли загинал откако паднал во ископот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ