Турски адмирал побарал азил во САД

Од:

Турскиот адмирал Мустафа Угурлу, побарал азил во САД, откако властите во Турција го обвиниле за „вмешаност“ во неуспешниот воен удар од 15 јули, јавуваат турските медиуми.

Американските власти потврдија дека „еден неименуван“ висок воен функционер на Турција побарал азил, но турските државни медиуми, веднаш потоа го открија неговиот идентитет.

Угурлу е ангажиран во воената база на НАТО во Норфолк, во сојузната американска држава Вирџинија и во време на обидот за пуч бил во САД.

Турските власти, веднаш по неуспешниот удар во една одмазничка операција обвинија околу 100 генерали дека биле дел од движењето на верскиот лидер Фетулах Ѓулен, некогашен близок пријател и сојузник на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган кого сега го означува како државен непријател број еден и како „терорист“.

Ѓулен и порано, а и сега ги отфрла сите вакви обвинувања и тврди дека тој нема никаква врса со обидот за воен удар во Турција.

Турската амбасада во Вашингтон соопшти дека адмиралот одбил да се јави на дожност, ги отфрлил еполетите и својата карта за идентификација, кога разбрал дека се наоѓа на листата за апсење.

Налогот за апсење го издал суд во Измир, а медиумите во Турција откриваат дека тоа се случило како резултат на истекувањето на информации од делови од военото разузнавање.
Реакцијата на турската амбасада доаѓа по соопштението дека адмиралот Угурлу исчезнал на 22 јули, седум денови по неуспешниот пуч.

Околу 18 илјади лица се досега уапсени во Турција, а многу високи воени функциоенри се сменети од своите должности во војската сите обвинети дека се поврзани со Фетулах Ѓулен.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ