Турската Влада стимулира создавање простории за молитва во приватните училишта

Од:

Турското Министерство за образование донело одлука да ги класифицира приватните училишта во четири категории, а дополнителните поени ќе се добиваат и за постоењето на просторија за молитва во училишните објекти, пишува „Хуриет дејли њуз“.

Училиштата ќе бидат поделени во категории А, Бе, Це и Де, кои ќе бидат определени во зависност од условите, менаџментот, организацијата, образовните процедури и услугите кои ги нудат.

На пример 50 поени ќе добива секое училиште, кое има библиотека. Лаборатории по хемија, физика и биологија соодветно носат 20 поени, колку што се добива и за просторија за молитва.

Училиштата од највисоката категорија А треба да соберат меѓу 850 и 1.000 поени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ