Турската Влада ќе гради мост над Дарданели

Од:

Турција планира да изгради мост над теснецот Дарданели со цел да се намали сообраќајната гужва во Истанбул.

– Ние сакаме да изградиме нов мост над Дарданели. Ние ќе го претвориме целиот реон на Мраморно Море во заобиколница, која во голема мера ќе го олесни сообраќајот во Истанбул, изјави синоќа турскиот министер за транспорт Љутфи Елван.

Протокот Дарданели сега може да се помине само со брод или ферибот. Мостот над Дарданели е еден од серијата спорни мегапроекти над турската Влада, посебно во Истанбул.

Турските власти почнаа да го градат третиот мост над Босфор, а најавија и изградба на нов гигантски аеродром во Истанбул, кој според најавите треба да биде најголем во светот со максимален капацитет од 150 милиони патници годишнп. Проектите беа критикувани од еколозите поради нарушување на животната средина и од опозицијата поради корупцијата.

Според податоци на Министерството за транспорт, Владата планира да инвестира вкупно 17 милијарди лири (шест милијарди евра) во големите проектио во Истанбул, каде живеат најмалку 16 милиони луѓе.

Елван најави и формирање на вселенска агенција.

– Ние брзо ќе почнеме со нашата дејност во таа обвласт, посочи Елван.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ