Турската влада го одложи за две недели почетокот на учебната година

Од:

Новата учебна година во Турција ќе започне на 28 септември, наместо на 15 септемри, како што беше досега, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Така милиони турски ученици ќе се радуваат уште две недели повеќе од вообичаеното на летниот одмор.

Одлуката на владата е донесена по предлог на министерот за култура и туризам Омер Челик.

Продолжувањето на летниот одмор за учениците има за цел да го поттикне туризмот, особено во поморските летувалишта, со привлекување на поголем број домашни туристи.

Кон средината на месец септември, исто така, претстојат четири неработни денови за муслиманскиот празник Курбан бајрам. Според властите, со тоа што децата се уште ќе бидат на одмор, ќе се задржат повеќе локални туристи во местата за летување.

Политичката и безбедносна ситуација во Турција, како и тероистичките напади годинава резултираа со значителен одлив на странски и домашни туристи од земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ