Прокурдската Демократска партија на народите ќе размисли дали ќе учествува во преодна Влада, што земјата ќе ја доведе до избори и во која власта ќе биде поделена меѓу парментарно претставените партии, информира денеска лидерот на партијата Селахатин Демирташ, цитиран од британските медиуми.
Демирташ ова го кажа откако пропаднаа преговорите за состав на владина коалиција со другите парламентарни партии.
– Демократската партија на народите ќе се радува да се сретне и да го разгледа вклучувањето во коалиција со втората по големина партија во земјата – Републиканско-народната партија, доколку на оваа партија и биде даден мандат за состав на Влада, посочи Демирташ во коментар, емитуван на телевизијата Си-Ен-Ен-Турк.
Во Турција се погласи се очекувањата за предвремени парламентарни избори откако изборите на 7 јуни не ја дадоа можноста за состав на еднопартиска Влада, а преговорите за коалиција меѓу останатите три парламентарно претставени партии не успеаја.