Турската полиција одзела рекордни 23 тони марихуана во операцијата во округот Дијарбекир, соопшти турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.
Запленетото количество наркотици, во вредност од шест милиони турски лири, е најголемо конфискување при изведување на една полициска акција, забележа весникот.
Марихуаната била запленета во акција во селото Баглан, во реонот на градот Лиџе, каде минатата недела беа конфискувани 10,5 тони наркотици.