Турската полиција упадна во медиуми блиски до проповедникот Ѓулен

Од:

Припадници на турската полиција денеска упадна во една телевизија и еден весник, кои важат за блиски до муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Според турските медиуми, при полициската акција се уапсени неколку лица.

Полицискиот упад уследи само неколку дена откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави нова кампања против неговиот поранешен близок соработник, а сега непомилив непријател Ѓулен и неговите приврзаници.

Полицијата извршила упади во повеќе објекти во Истанбул и во 13 други турски градови, при што според медиумските извештаи, се уапсени 32 лица.

Пред неколку дена на профилот на Твитер @Fuatavnifuat беше најавено апсење на околу 400 критичари на турски претседател, меѓу кои и 150 новинари, вклучително и главните уредници на весниците „Заман“ и „Тудејс Заман“, кои важат за блиски до Ѓулен.

Се претпоставува дека зад името „Фуат Авни“ стои човек од круговите блиски до власта. Тој и претходно најавуваше слични полициски акции кои потоа се покажуваа како вистинити.

Заман протест

Поради најавите за апсење на новинари на „Заман“, стотици лица ноќта меѓу четвртокот и петокот ја минаа пред редакцијата на весникот. Тие изразија незадоволство од, според нив, „се по авторитарното однесување на Владата во задушувањето на критички настроените медиуми“.

Главниот уредник на „Заман“, Екрем Думанли пред насобраните вети дека нема да попушти пред притисокот и дека што и да се случи весникот нема да молчи.

Власите ги обвинуваат „Заман“ и „Тудејс Заман“ дека се поврзани со движењето на Ѓулен, за кој Ердоган тврди дека го иницирал минатогодишниот корупциски скандал со цел да ја урне неговата тогашна Влада.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ