Турската полиција уапси 15 лица, осомничени за прислушување на канцеларијата на Ердоган

Од:

Турската полиција изврши денеска претрес на 12 локации и уапси 15 лица, осомничени за прислушување на канцеларијата на премиерот Реџеп Таип Ердоган и на други високи функционери.

Операциите се извршени во Анкара и во други турски градови, а меѓу уапсените е и поранешен телохранител на Ердоган.

Обвинителот Дуран Четин ги нареди претресите и апсењата на осомничените, меѓу кои има и полициски службеници.

Масовната полициска операција почна рано изутрината.

Ердоган кон крајот на декември изјави дека во неговата канцеларија и во неговиот дом биле откриени апарати за прислушување. Тој истакна дека тоа претставува откривање на „масовно шпионирање“.

Ердоган и неговата владејачка Партија на правдата и развојот за прислушувањата го обвинуваат влијателниот проповедник Фетулах Ѓулен.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ