Турската полиција уапси 112 бизнисмена по обидот за пуч

Од:

Турската полиција уапси 112 претставници на бизнис фелата во неколку области од земјата.

Уапсените бизнисмени се обвинети за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, а кого турските власти го сметаат за одговорен за обидот за преврат на 15 јули.

Тоа е уште една од серијата акции на власта, во кои над 16.000 лица беа официјално уапсени по неуспешниот обид за воен удар. Освен тоа повеќе од 60.000 држабни службеници беа отпуштени од работа.

Турската Влада тврди дека сите тие се поврзани со Ѓулен, кој е обвинуван од властите дека управува „паралелна држава“ преку своите приврзаници, кои се наоѓаат во државните институции.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ