Турската полиција растури протест пред новата претседателска палата

Од:

Турската полиција растури протест на неколку десетици студенти во близина на новата палата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Анкара.

Полицијата употреби солзавец и штитови со цел да ги спречи студентите да стигнат до дворецот со илјада соби, што прерасна во симбол на владеењето на Ердоган.

Локалните медиуми објавија фотографии на кои се гледа како полициски службеник удира студент во лице, додека друг полицаец го држи. Во протестот се уапсени 22 студенти.

Палатата во вредност од 630 милиони долари предизвика гнев на опозициските партии, невладините организации и активисти за човекови права, кои обвинуваат дека градбата е многу раскошна, како и дека се уништени илјада дрвја.

Папата Франциско, кој се наоѓа во тридневна посета на Турција, вчера беше првиот висок странски гостин, што е примен во комплексот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ