Турската полиција приведува учесници во антивладините протести

Од:

Полицијата во Истанбул денеска спроведува акција за приведување на лица, кои учествуваа во неодамнешните немири во земјата, јави ИТАР-ТАСС.

Рации се извршени на сто адреси на кои е утврдено дека живеат учесници во протестите. Досега е познато дека полицијата привела 30 лица. Освен во приватни објекти, полицијата упаднала и во неколку студентски домови.

Операцијата продолжува, а бројот на приведените можно е да се зголемува. Приведените се осомничени за организирање на немири и учество во напади на претставници на власта.

Ова е петтата голема операција на полицијата од почетокот на јуни, кога земјата ја зафатија антивладините демонстранции. Во таквите операции досега вкупно се приведени 150 лица.

Повеќе од нив беа ослободени, но неколку десетици беа уапсени со судска наредба.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ