Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул, го навредија Ердоган

Од:

Вкупно 55 лица се уапсени денеска во Истанбул под обвиненија за „навреди кон претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговото семејство, прекршување на забраната за собирања и демонстрации и непочитување на полицијата“, јави Анадолија.

Акцијата е спроведена рано утринава откако Главното обвинителство на Истанбул изготви список со 41 осомничено лице што учествувале на протестите во областа Сарачхане претходната вечер. Подоцна во текот на денот биле уапсени уште 14 лица, со што вкупниот број приведени се зголеми на 55.

– Ги осудувам оние што користат недоличен јазик против нашиот претседател, неговата покојна мајка и семејството. Таков дрзок и навредлив говор му доликува само на оние што не веруваат во заедничките вредности на нашата нација, демократијата и владеењето на правото, изјави турскиот вицепремиер Џевдет Јилмаз.

Раководителот на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, Фахретин Алтун, исто така, ги осуди навредите кон Ердоган, нарекувајќи ги нивните автори „неморални и неуки“.

И покрај забраните за собирања и демонстрации што важат во Истанбул, Измир и Анкара, синоќа, по шести пат, во овие и други големи турски градови се одржаа масовни протести. Сарачхане, каде што се наоѓа Големата истанбулска општина, останува главното собиралиште на демонстрантите.

Причина за незадоволството на граѓаните е апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како и на неколку членови на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП)). Од 19 март досега се уапсени над 1.100 лица, меѓу кои и новинари, а повеќе од 100 полицајци биле повредени во судирите со демонстрантите.

Би можело да ве интересира

Ердоган оди на финалето на Евробаскетот во Рига, безбедносните подготовки започнаа пред полуфиналето

Ердоган: Нема да дозволиме хаос на улиците поради конфликтот во опозициската партија

А1он

Ердоган: Анкара е подготвена да помогне во одржувањето на преговорите меѓу Русија и Украина

А1он

Турски новинар се соочува со затворска казна поради критики до Ердоган

А1он

Ердоган: Не наседнувајте на отровната израелска реторика за конфликтот со Иран

А1он

Главна тема на разговорот меѓу Ердоган и Путин беше конфликтот Иран – Израел

А1он