Турската опозиција протестираше против селењето на Ердоган во новата палата

Од:

Членовите на главната опозициска Народнорепубликанска партија во Турција (НРП) протестираа денеска во Анкара против селењето на претседателот Реџеп Таип Ердоган во новата претседателска палата.

Демонстрантите нагласуваат дека новата резиденција на претседателот е илегално изградена. Зградата се наоѓа во шумата Ататурк, која претставува заштитена природна област. Административниот суд во Анкара нареди запирање на изградабта на комплексот, но одлуката не беше извршена.

Членовите на НРП се собраа денеска пред комплексот Ататурк и издигнаа транспаренти со пароли против Владата.

Заменик-претседателот на НРП Булент Теџан, кој беше меѓу учесниците во протестот истакна дека новата резиденција е изградена и покрај судската одлука за прекин на изградбата.

Демонстрантите планираа да организираат протестен марш до претседателската палата, но полицијата не дозволи тој да се одржи, при што дојде до судири.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ