Турската опозиција ќе бара Уставниот суд да го укине новиот закон за полицијата

Од:

Турската главна опозициска партија денеска објави дека ќе бара од Уставниот суд поништување на законот, со кој се зголемуваат овластувањата на полицијата, пренесува БТА.

Заменикот претседател на парламентарната група на главната опозициска Републиканска народна партија (НРП) Акиф Хамзачеби изјави дека законот ги третира сите Турци како осомничени.

Според новиот закон, што стапи во сила во петок, претреси може да се вршат при постоење на разумни сомнежи, а не како досега при постоење на силни сомнежи врз основа на докази.

Ќе се обратиме до Уставниот суд поради овој закон. што секого го прави осомничен и го става во слаба позиција пред судот и обвинителството. Тоа е многу опасен закон, изјави Јамзачеби.

Новиот закон во пракса беше употребен за време на викендот, кога полицијата изврши претрес на медиуми, поврзани со исламскиот проповедник Фетхулах Гулен.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ