Турската ЦИК предлага нови избори на 1. ноември

Од:

Турската Централна изборна комисија го предаде на политичките партии планот за подготовка на предвремени парламентарни избори, со предлог тие да бидат одржани на 1. ноември, јавуваат турските медиуми.

Предлогот е доставен на претставниците на четирите партии што освоија мандати во парламентот. Доколку политичките партии немаат забелешки, за подготовка на изборите ќе имаат 60 дена, наспроти максималните 90 дена предвидени со Уставот на земјата.

Претходно претседателството на ЦИК по консултации одлучи дека според закон има овластување да го намали рокот за организирање на избори.

На изборите одржани на 7 јуни, ниту една партија не освои доволно гласови за сама да формира влада.

Максималниот рок за преговори за коалиција истекува на 23 август, но веќе е јасно дека партиите не успеаа да постигнат договор за соработка.

Премиерот Ахмет Давутоглу по повеќенеделни консултации го врати на претседателот Реџеп Тајип Еродган мандатот за формирање на влада.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ