Турската централна банка не ја промени каматата и покрај притисокот

Од:

Турската централна банка ги остави непроменети каматните стапки и покрај притисокот од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и политичките кругови за нивно намалување пред парламентарните избори во јуни, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Барањето на шефот на државата за драстично намалување на каматните стапки со цел да се зајакне економскиот раст пред парламентарните избори предизвика загриженост на берзите и придонесе за девалвација на турската лира, како и стравување околу независноста на Централната банка.

– Идните одлуки за монетарната политика ќе зависат од подобрување на перспективите за инфлацијата, се наведува во соопштението на Банката по денешната седница на Комисијата за монетарна политика.

Недоразбирањето меѓу Ердоган и Централната банка изгледаше дека е намалено до извесен степен, откако минатата недела гувернерот на банката Ердем Башча пред претседателот презентираше патоказ за намалување на каматите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ