Турската армија започна изградба на бетонски ѕид долж границата со Сирија

Од:

Турската армија започна со изградба на бетонски ѕид долж границата со Сирија по серијата напади, јави Анадолија.

Ѕидот се гради во регионот на Реханли, во округот Хатај. Тој ќе биде со висина од три метри и должина од осум километри. Зад оградата војниците копаат ровови, пишува „Хјуриет дејли њуз“.

Над 30 лица загинаа во бомбашки напад во јужниот турски град Суруч, на 20 јули, со што беше ставен крај на примирјето меѓу Атина и бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК).

Турција за нападот ја обвини групата „Исламска држава“ и започна офанзива на два фронта, против џихадисти во Сирија и против борци на ПКК во Северен Ирак и Југоисточна Турција.

Бунтовниците од ПКК одговорија на прекинот на примирјето со крвава кампања против силите за безбедност на Турција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ