Турска ТВ водителка доби отказ, власта и забележа оти имала провокативна облека

Од:

Познатата турска актерка и телевизиска водителка Ѓозде Кансу доби отказ по критиките упатени од портпаролот на владејачката партија, поради „провокативна облека“ што ја носела за време на телевизиска емисија.

Портпаролот на владејачката исламистичка Партија на правдата и развојот (АКП), Хусеин Челик, остро го критикуваше начинот на кој се облекла Кансу, посебно нејзиното длабокото деколте, во вчерашата телевизиска емисија. Челик во изјавата не посочи конкретно име, но повеќе од јасно беше дека станува збор за Кансу.

– Не сакаме да се мешаме во ничиј приватен живот, но тоа е премногу и неприфатливо. Тоа не се дозволува дури и во останатиот дел од светот – истакна портпаролот на АКП.

По денешните преговори меѓу раководството на телевизијата и режисерот на шоуто, кое го води Кансу, беше соопштено дека таа добила отказ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ