Турска студентка ќе може да го промени не само идентитетот, туку и надворешниот изглед по одлука на судот, за да се спаси од насилник, јавија турски медиуми.
Судската одлука е прва од ваков вид во земјата, каде во изминатите години насилството врз жените значително се зголеми.
Студентката од Измир била подложена на насилство и закани со години, од страна на поранешен пријател, пред во септември да најми адвокат, кој ќе издејствува судска наредба за неприоѓање.
По одлука на судот, студентката ќе може да го промени целосно идентитетот, но и надворешниот изглед на неограничен период.
Сите нејзини лични документи ќе бидат сменети, ќе може да го продолжи високото образование во друга образовна институција, а нејзниот надворешен изглед ќе биде променет преку естетски и хируршки интервенции. Промената и на идентитетот и на надворешниот изглед на студентката ќе биде на товар на државата.
Турски медиуми наведуваат дека тоа е преседан во историјата на Турција и напоменуваат дека во друг случај пред тоа судот одлучил идентитетот на жртва на насилство да биде променет само за шест месеци.